Популарниот туристички град во Португалија им забрани на туристите да се шетаат во костими за капење, казни до 1.500 евра
На туристите во популарниот португалски град Албуфеира наскоро би можело да им биде забрането да се шетаат во костим за капење, бидејќи во спротивно ќе се соочат со високи парични казни.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Крајбрежен град во јужниот регион Алгарве, омилена дестинација за британските туристи, го промени својот кодекс на однесување, експлицитно забранувајќи им на луѓето делумна или целосна голотија на јавни места. Според новите планови, секој што носи костим за капење или шета без маица подалеку од плажата може да биде казнет до 1.500 евра.
Албуфеира се приклучува на релативно долгата листа на европски градови со слични закони, вклучувајќи ги Барселона, Дубровник и Ница, пишува Би-би-си.
Имено, одлуката за забрана за шетање во костими за капење и без облека дубровчани ја донесоа пред осум години, кога беше овозможено да казнуваат туристите кои се несоодветно, непристојно облечени на јавни површини во историското јадро на Дубровник.
Минатата година осум Британци беа снимени како танцуваат целосно голи во бар среде бел ден на Руа да Уара, главната улица за забава во Албуфеира. Видеата станаа вирални, а португалската полиција успеа да ги идентификува туристите.
Инцидентот доведе до итен состанок на надлежните органи, а градоначалникот Хозе Карлос Роло вети дека ќе се справи со разузданото однесување на туристите.


