Познатиот скопски локал не е под клуч: Георгиев и вечерва ќе „грми“ во центарот на градот

Наместо пломба за „Мош“, вечерва нова забава со српскиот пејач Владо Георгиев.

По вчерашната забава  во познатиот скопски локал „Мош“ на која пееше Владо Георгиев, а мина без почитување на ковид протоколите, вечерва во истиот локал има нова забава со гостинот од Србија.

На социјалните мрежи веќе се споделуваат снимки од настапот на Георгиев на кои може да се забележи дека атмосферата во објектот наликува на изминатата ноќ, односно и вечерва има многу присутни.

Резервации за оваа забава, како што пишуваат дел од медиумите, се примале во текот на денот, а оние  „среќници“ кои успеале да дојдат до место во моментов го полнат објектот, иако од Пазарниот инспекторат во текот на денот најавија затворање на објектот поради непочитување на работното време.

После вчерашната забава без маски и дистанца затворен локалот „Мош“ (ВИДЕО)

Останува нејасно дали „Мош“ ќе остане неказнет за прекршувањето на ковид-протоколите, откако повеќе снимки од вчерашната журка овековечија дека речиси сите мерки беа прекршени.

Во меѓувреме се огласи и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски кој најави затворање на локалот во текот на наредната недела.

Сега директорот тврди дека во моментов „објектот не може да се затвори“ бидејќи, како што вели тој, инспекторката која го работи случајот за локалот добила решение за изолација до наредната недела. Пауновски истакнува дека „секој инспектор треба да го заврши својот случај“, па затоа и за порталот А1он.мк најави „лента“ дури следната недела, кога таа ќе се врати на работните обвррски. Пауновски притоа посочува дека инспектори се во „Мош“ и нотирале дека протоколите за заштита од ковид-19 не се почитуваат, што ќе биде причина за нова кривична пријава.

На видеата од синоќешната забава со Георгиев што денеска вирално се споделува по социјалните мрежи е забележливо неносење на заштитна маска, неодржување на минимум препорачаното растојание, а гостувањето на српскиот пејач е во период во кој во земјава се бележи рекорден број на нови случаи на коронавирус на дневно ниво.

Ниту маски, ниту дистанца- Владо Георгиев ги забавуваше скопјани (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот