Познатиот црн шешир на Мајкл Џексон продаден на аукција за 77.640 евра

Фото: Geoffroy VAN DER HASSELT / AFP / Profimedia

Познатиот црн шешир што Мајкл Џексон го носеше непосредно пред да го изведе својот легендарен танц „прошетка на месечината“ („moonwalk“), беше продаден за 77.640 евра, на аукција во Париз, во присуство на многу обожаватели и љубопитни луѓе, пренесува „Журнал де Монтреал“.

Овој волнен шешир обложен со свила, од моделот „федора“ беше проценет помеѓу 60.000 и 100.000 евра. Тој беше еден од 200-те продадени артикли на аукцијата организирана од аукциската куќа „Лемон окшн“.

„Извесен Адам Кели бил на шоуто на 25 март 1983 година, кога го земал овој шешир, мислејќи дека персоналот на пејачот ќе дојде и ќе ја собере, но тоа не се случило“, изјави Артур Перо, генерален директор на галеријата која го ставила шеширот на продажба.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Адам Кели го чувал неколку години пред да го продаде на американски колекционер. Шеширот подоцна повторно се појавува во европска колекција.

Инаку, понудувачите, исто така, се наддаваа за гитарата на Т-Бон Вокер (1910-1975). Инструментот, кој е произведен во само 22 примероци се продададе за 129.400 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот