Познати ривалите на македонските тенисерки во Били Џин Кинг Купот

фото: mtftennis.mk

На денешната жрепка женската тениска репрезентација на Македонија ги доби противниците за претстојното натпреварување во Били Џин Кинг Купот што од понеделник (утре) до сабота ќе се игра во Скопје на терените на ТК Југ.

Македонија е во групата „Б“, а ривали ќе бидат Финска (носител), Молдавија, Исланд, Албанија и Азербејџан.

Во групата „А“ се селекциите на Луксембург (носител), Кипар, Црна Гора, Ерменија и Сан Марино.

Македонија ќе биде предводена од нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа, а покрај неа во составот се уште Магдалена Стоилковска, Александра Симева, Ана Митевска и Ива Данева, а селектор е Димитар Лабудовиќ.

Мечевите ќе почнуваат секој ден во 10.00 часот, прво се играат двата сингл меча, а потоа следува и мечот во двојки.

Лина Ѓорческа ќе ја претставува Македонија на „Били Џин Кинг“ купот во Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот