Реал Мадрид е во напредни преговори да го ангажира Бернардо Силва
Реал Мадрид би можел да донесе големо засилување за следната натпреварувачка сезона, најновите информации велат дека шпанскиот фудбалски клуб е во многу напредни преговори да го ангажира 31-годишниот играч од средниот ред, Бернардо Силва.
Препорачано
Веднаш откако Бернардо Силва објави дека го напушта Манчестер сити на крајот од сезоната, веднаш еден од најдобрите играчи за врска почна да се поврзува со можен трансфер во нов голем европски клуб.
Атлетико Мадрид беше првиот што ги контактираше агентите на Португалецот, Барселона брзо се вклучи во трката за неговиот потпис, а сега, како гром од ведро небо, пристигна информација од Шпанија – Реал е прв фаворит за ангажирање на искусниот играч за врска.
Реномираниот „Ас“ дозна дека новиот тренер на екипата, Жозе Мурињо, доставил список на желби за летниот преоден рок до раководството на клубот и дека името на поранешниот фудбалер на Монако и Манчестер сити е на самиот врв на таа листа.
Во дресот на „Граѓаните“ минатата сезона во Премиер лигата имаше 38 настапи и запиша два голови и четири асистенции, а во Лигата на шампионите осум настапи и еден погодок.
🚨💣 BREAKING: Real Madrid sent official proposal to Bernardo Silva, advanced talks to try sign the midfielder.
Deal underway with Mourinho pushing and Real confident to anticipate Barça & Atlético.
He’s a priority for JM, as @jfelixdiaz reports.
🎥➕ https://t.co/D7gSUofHIl pic.twitter.com/1A3NL5OTWW
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 11, 2026


