Фото: EPA/ALEJANDRO GARCIA

Познати полуфиналните парови во ракометната Лига на шампиони

Минатогодишните финалисти, бранителот на титулата Магдебург и Фуксе од Берлин, ќе се сретнат во полуфиналето на завршниот ракометен турнир од Лигата на шампионите оваа сезона. Така беше одлучено со ждрепка во Виена, Австрија, во вторник.

Фајнал-фор турнирот ќе се игра во Келн, Германија на 13 и 14 јуни 2026 година.

Минатата година, Магдебург беше поуспешен од Фуксе во финалето со 32:26 и со тоа ја освои својата петта континентална шампионска титула. Тоа беше прв настап на Фуксе Берлин во финалето.

Во второто полуфинале ќе се сретнат 12-кратниот европски шампион Барселона од Шпанија и данскиот Алборг.

Ќе има „реприза“ на финалето од пред две години, во кое Барселона победи со 31:30.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот