Пожарникарите во полиција тврделе дека кучето паднало само од зградата, а не дека било турнато

СВР Тетово денеска извести дека се преземени сите потребни мерки за расчистување на случајот со паднато куче од зграда во изградба.

Според портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, извршени се службени разговори со двајцата пожарникари кои биле повикани да го заловат и отстранат кучето од објектот во кој работници изведувале градежни работи, како и со лицето пријавител и очевидец на паѓањето на кучето.

– Притоа, утврдено е дека не се точни шпекулациите дека наводно некој го турнал кучето. Местото на паѓањето е фотодокументирано и по целосно комплетирање на сите службени материјали ќе биде изготвено писмено известување кое ќе се достави до јавен обвинител, информираше Јосифоски.

Во петокот се појави видео снимка во која куче паѓа од зграда во Тетово. Тоа по падот угина, а граѓаните споделувајќи го на социјалните мрежи пишуваа дека човек го фрлил. Вчера изјава за случајот имаше и пожарникарската единица од каде посочија дека никој не го фрлил кучето туку, дека тоа било исплашено и бегало од пожарникарите кои добиле повик да го изнесат од објектот што е во градба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот