Пожарникари од Тетово заминаа за Турција да помогнат во спасувањето

Фото: Општина Тетово

Поради потребата од пронаоѓање и спасување на луѓето кои останаа под урнатините како последица од вчерашниот земјотрес Општина Тетово и Територијалната противпожарна единица- Тетово испратија специјализирани и лиценцирани пожарникари за елементарни непогоди кон Турција, во знак на солидарност и поддршка со турскиот народ.

„Во знак на солидарност и поддршка, група од 9 лиценцирани пожарникари за елементарни непогоди од Територијалната противпожарна единица Тетово, со противпожарна и опрема за пребарување и спасување заминаа за југоисточниот дел на Турција за да му помогнат на турскиот народ“, велат од Oпштина Тетово.

И вчера градоначалникот на Oпштина Тетово Билал Касами изрази солидарност со турскиот народ по разорниот земјотрес што погоди делови од Турција.

„Во овие тешки моменти ние сме со со турскиот народ по разорниот земјотрес што погоди неколку градови на југоистокот на Турција. Сочувство за изгубените животи, додека на повредените им посакуваме брзо закрепнување!“, напиша Касами.

Во следните денови ќе бидат организирани активности за собирање на помош за турскиот народ, соопштија од Општина Тетово.

Осуммина пожарникари од Струмица одат да помогнат како спасувачи во Турција

Владата одлучи: Праќаме помош од 100.000 евра, медицински лица и опрема за Турција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот