Осуммина пожарникари од Струмица одат да помогнат како спасувачи во Турција

Фото: EPA/EFE / Deniz Tekin

Осуммина пожарникари од ТППЕ Струмица ќе заминат во спасувачка мисија во подрачјето погодено од силниот земјотрес во Турција. Тие ќе бидат во состав на тимот за пребарување и спасување од урнатини (USAR тим), кој е во состав на Републичките сили за заштита и спасување при Владата на Република Северна Македонија.

Ова го соопшти градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој рече дека спасувачите ќе им помогнат на настраданите во земјотресот.

-Нашите пожарникари се специјално обучени за вакви непогоди и имаат искуство од земјотресот во Албанија, напиша Костадинов.

Додава дека таквите катастрофи само укажуваат на фактот колку е немоќно човештвото пред моќта на природата и нејзините законитости.

-Но, во исто време, таквите случувања даваат до знаење колку треба да бидеме хумани и одговорни пред големите предизвици, да бидеме луѓе за луѓето, посочува струмичкиот градоначалник.

Тој на сите граѓани од Турција и Сирија, особено на оние од погодените подрачја од земјотресот, им изрази најдлабоко сочувство за големите човечки и материјални загуби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот