Деми Ловато - Фото: JM HAEDRICH / Sipa Press / Profimedia

ФОТО | Повторно загрозено здравјето на Деми Ловато: Пејачката итно ги откажа идните концерти

Американската поп ѕвезда Деми Ловато откажа неколку настапи од најавената турнеја, наведувајќи здравствени причини како главна причина за ваквата одлука. Пејачката информацијата ја сподели на социјалните мрежи, нагласувајќи дека најважно ѝ е да го зачува сопственото здравје за да ѝ понуди квалитетни настапи на публиката.

Обраќајќи им се на фановите на Инстаграм, Деми истакна дека со нетрпение го очекува враќањето на сцената со турнејата „It’s Not That Deep“, но признала дека за време на подготовките сфатила дека презела повеќе обврски отколку што може да издржи.

„Драги фанови, пресреќна сум што повторно настапувам и што ќе ве посетам во многу градови. Но, додека се подготвував за турнејата, сфатив дека сум го преоптоварила распоредот. За да го зачувам здравјето и да ви овозможам најдобри можни настапи, морам да го прилагодам распоредот и да оставам повеќе простор за одмор и подготовки“, напиша таа.

Поради тоа се откажаните концерти планирани за април во Шарлот (Северна Каролина), Нешвил, Атланта, Лас Вегас и Денвер. Деми изрази жалење што нема да може да се сретне со фановите во овие градови и искрено им се извини.

Концертот во Орландо е презакажан за 13 април и токму со тој настап официјално ќе започне турнејата. На сите што купиле билети преку платформите „AXS“ или „Ticketmaster“ автоматски ќе им бидат вратени парите, додека оние што купиле преку други продавачи треба да стапат во контакт со местото на купување. Билетите купени за Орландо ќе важат и за новиот датум.

Инаку, турнејата првично требаше да започне на 8 април во Шарлот, а беше најавена уште во октомври минатата година. Деми Ловато и претходно имала здравствени проблеми за време на турнеи. За време на турнејата „Holy Fuck“ во 2022 година призна дека била толку исцрпена што не можела да стане од кревет, а тогаш навести и дека тоа можеби ќе биде нејзината последна голема турнеја.

ФОТО | „Што не е во ред со нејзиното лице?“: Деми Ловато изненади со својот изглед на Модната недела во Париз

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот