Ковид-19 во Црна Гора/ Фото: ЕПА

Повторно прогласена епидемија на територијата на Црна Гора, воведени нови привремени мерки

Црногорското Национално координативно тело за заразни болести (НКТ) повторно прогласи епидемија на коронавирусот на територијата на цела Црна Гора, на предлог на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, соопшти Владата на Црна Гора.

Во согласност со тоа, од денеска, се воведуваат неколку нови привремени мерки, вклучително и задолжителното носење заштитни маски на отворен и затворен простор на целата територија на Црна Гора, а обврската важи и за деца постари од седум години.

Маските не се задолжителни на плажите и во националните паркови, под услов да се одржува физичко растојание и претходно пропишани мерки.

„Собирања се ограничени на целата државна територија на максимум 40 лица на отворени јавни места и на 20 лица во затворен простор, со обврска да се почитува физичкото растојание од најмалку два метра.

Исто така се наведува дека поради екстремно високиот епидемиолошки ризик од одредени собири, примената на мерките донесени на 30 јуни, што се однесуваат на забраната за работа на диско клубови / барови и ноќни клубови, како и организирање свадби, матура и роденденски забави, е продолжена до 6 август.

Примената на мерките донесени на 7 јули, со кои се забранува одржување на забавна и музичка програма во угостителските објекти и прекинување на работата на првостепените социјално-медицински комисии од областа на социјалната и заштитата на децата во центрите за социјална работа, е продолжена до 30 јули.

Кога станува збор за одделни делови на земјата, НКТ донесе олеснителни мерки за некои и построги мерки за други, во зависност од епидемиолошката состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот