Фото: илустрација / МИА / архива

Повикан е во полиција родителот на ученикот од Битола што испраќал заканувачки пораки

Родител на ученикот што објавувал недолични и заканувачки пораки на социјалните мрежи за соученици и нивните родители, бил повикан во полиција, велат од СВР Битола за „Слободен печат“.

-СВР Битола презема мерки по насоки на ОЈО Битола во врска со пријава од родители од ОУ„Стив Наумов“ од Битола. Во врска со случајот во СВР Битола е повикан родител на детето и се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот – велат од СВР Битола.

Вчера се рашири веста дека ученици од седмо одделение не оделе на настава поради заканувачки пораки и наводни списоци што ги правел ученик од седмо одделение и ги објавувал на социјалните мрежи.

По објавувањето на вознемирувачките содржини на социјалните мрежи, родителите на учениците испратиле претставка до Државниот просветен инспекторат. Училиштето, пак, го пријавило случајот во Центарот за социјални работи, СВР Битола и Подрачното одделение за образование. Денеска училиштето го чуваат полицајци.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | „Изгледа треба да се случи `Рибникар` за да се разбудат“ – ново врсничко насилство, овојпат во Штип

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот