Фото: Паркинзи на Општина Центар

Повеќе од 120 хаварисани возила отстранети во Центар, ПОЦ ја продолжува акцијата

Во изминатата година, ЈП „Паркинзи на Општина Центар“  отстрани над 120 хаварисани возила од јавните површини на територијата на oпштина Центар.

Нашата цел е целосно да го ослободиме Центар од хаварисани возила кои ја нарушуваат урбаната слика и зафаќаат паркинг места и јавни површини. Апелираме до сите сопственици на хаварисани возила да се приклучат кон нашата акција и да ги пријават своите возила за отстранување, изјави директорот на ПОЦ, Душко Коцевски.

За повеќе информации или пријава на хаварисано возило, граѓаните можат да контактираат се јават на телефонскиот број 076 350 767.

Преку оваа акција, ЈП ПОЦ бесплатно ги транспортира хаварисаните возила до отпад, а средствата од откупот директно се префрлаат на сметката на сопственикот. На овој начин, секој граѓанин кој ќе се вклучи во акцијата придонесува за поуреден, побезбеден и пофункционален Центар, велат од претпријатието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот