фото: EPA-EFE/MARISCAL

Потресна приказна за новата ѕвезда на Реал: „Тато, не грижи се, ќе станам фудбалер и ќе те извлечам од проблемите“

Шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид пред неколку дена го претстави бразилското чудо од дете, Ендрик. Трансферот беше договорен во 2022 година, но се чекаше напаѓачот да стане полнолетен. Дотогаш играше во Палмеирас.

На презентацијата во Мадрид, Ендрик беше пречекан од 43.000 навивачи на „кралскиот клуб“. Емотивен момент за новата ѕвезда на Реал.

Го исполнив мојот сон и сонот на моето семејство. Ова е за нив – рече меѓу другото Ендрик.

И не беше секогаш толку прекрасно за семејството. Таткото на Ендрик, Даглас Соуза, раскажал шокантна приказна за ситуацијата кога не можел да обезбеди храна за својот син.

Сè уште се сеќавам на еден ден кога Ендрик беше дете… Ми побара нешто да јаде и ми рече: „Тато, многу сум гладен“. Седнав на каучот, па погледнав во кујнските шкафови и фрижидерот… И немав што да му дадам да јаде. Му реков: „Ендрик, синко, немаме ништо“. Потоа почнав да плачам, и тој се расплака, па ме прегрна силно и ми рече: „Тато, не грижи се, ќе станам фудбалер и ќе те извлечам од овие проблеми“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот