Потрага по „британскиот сој” на коронавирусот во Македонија

EPA EFE
Фото: ЕПА

Утврдување на присуство на мутирани соеви на SARS-CoV-2 во Македонија.

Како одговор на појавата на нов вирусен суб-тип со зголемена преносливост во Велика Британија, лабораторијата за генетика и персонализирана медицина од Клиничката болница „Жан Митрев“ од денеска повторно почнува со секвенционирање на SARS-CoV-2 примероци со цел утврдување на можно присуство на мутирани соеви од овој вирус кај македонски пациенти.

Во текот на наредниот период, од Клиника „Жан Митрев“ ќе ги информираат надлежните институции и јавноста за добиените резултати.

Според препораките на Европскиот центар за заразни болести (ЕДЦ) неопходно е да бидат навремено преземени чекори за утврдување на постоење и следење на ваквите еволуции на вирусот. Самиот факт дека генетската еволуција на SARS-CoV-2 вирусот може потенцијално да влијае на антигенските својства (пр. ефект на вакцини и терапии), неговата преносливост и јачина, се доволен показател дека треба да бидат земени предвид при планирање на следните чекори за справување со ширењето на истиот.

– Затоа ние како општествено одговорна лабораторија почнувајќи од денеска, ќе започнеме со собирање на примероци од македонски пациенти позитивни на корона вирусот и по добивање на нивна согласност истите ќе бидат дополнително секвенционирани на наш трошок, за да утврдиме присуство/отсуство на новиот мутиран сој SARS-CoV-2, познат како VUI – 202012/01. Оваа наша иницијатива ќе се реализира во следните неколку месеци, со што ќе имаме можност да ја утврдиме еволуцијата на вирусот на македонско тло.

За овој наш проект веќе сме во комуникација со локалната канцеларија на СЗО и дипломатските претставништа, од кои очекуваме поддршка која ќе обезбеди аргументирано и интелектуално издржано известување во борбата против лажните и извадени од контекст информации. Ги покануваме сите институции и капацитети, јавни или приватни доколку имаат можност да ни се приклучат во оваа борба, велат од Клиника „Жан Митрев“.

Инаку, лабораторијата на Клиниката „Жан Митрев“ беше прва и единствена која уште во јуни го секвенционираше балканскиот сој на корона вирусот SARS-CoV-2.


Комерцијален ПР текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот