ПОСТТРАУМАТСКИ СИНДРОМ: Овие симптоми не смеете да ги игнорирате

стрес траума депресија

Посттрауматското стресно нарушување (ПТСН) може да се појави и неколку години по доживеаниот стрес.

ПТСН е вид на анксиозност и е последица на психолошката изложеност на стресни ситуации во животот. Луѓето често ги потиснуваат во себе непријатните емоции, а стресот се насобира во нив.

Но, кога-тогаш, излегува на површина. Најчесто се појавува месец-дена по траумата, но постојат и случаи кога тоа се случува и по неколку месеци, па дури и години. Што подолго тој стрес „врие“, толку поголеми се последиците кои ПТСН ги предизвикува.

Овој синдром најчесто се појавува по сообраќајни несреќи, кај жртви или сведоци на насилство, по сериозни здравствени проблеми, по породување, но и други животни ситуации не се исклучени. Симптомите се разликуваат од личност до личност.

Тие може да бидат враќање на слики од настанот, физичка болка без дразба, прекумерно потење, страв, паника, игнорирање на траумата, промени во расположението, несоница, проблеми со концентрација, анксиозност, депресија, проблеми со варењето, мигрени…

Ниту децата не се поштедени од ПТСН, а првите симптоми најчесто се проблемите со спиењето и кошмарите.

Во овие ситуации помошта од стручно лице е неизбежна. Во крајните случаи може да биде потребно и лечење со антипсихотици и антидепресиви.

Ако препознавате некој од овие симптоми, не чекајте веќе ниту миг за да побарате помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот