Посна супа од грашок која ќе стане вашето ново омилено јадење

Instagram

За време на Божиќниот пост, многумина „излудуваат“ барајќи идеи за ручек. Факт е дека посната храна може да биде навистина вкусна.

Доколку сакате да внесете нешто ново во вашата исхрана, ви ја препорачуваме оваа супа од грашок. Оваа супа ќе стане вашата нова омилена храна и ќе се сетите да ја припремате и кога ќе прекинат постите.

Состојки:

  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 чешне лук, исецкано
  • ½ кромид, сецкан
  • 200 грама грашок (замрзнат)
  • 2 компири
  • 300мл бујон од зеленчук
  • сол и црн пипер
  • Лист од нане, за декорација

Припрема:

Загрејте го маслото во тенџере на средна температура. Додадете го кромидот и лукот и пржете 3-4 минути, додека не омекнат. Додадете го замрзнатиот грашок, компирот и бујонот од зеленчук и оставете да зоврие. Намалете ја температурата и оставете да врие десетина минути. Откако ќе се свари, сместата ставете ја во блендер доколку сакате да добиете кремаста форма.

Зачинете по вкус и послужете во топол сад.

На здравје!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот