Фото: facebook.com/hcohrid

Последен поздрав од ракометниот клуб Охрид за голманот Даниловски

Спортска Македонија тагува после трагичната смрт на голманот на ракометниот клуб Охрид, Никола Даниловски.

Веднаш се огласи и неговата матична екипа со пораки на тага и жалење за изгубениот млад живот, воедно испрати и сочувството до семејството на ракометарот.

– Затечени и потресени сме од трагичната вест за прераната смрт на нашиот голман Никола Даниловски. Нашите мисли во овие моменти се со семејството на Никола, на кое му изразуваме длабоко сочувство. Загубата е огромна и не постојат зборови на утеха кои можат да ја намалат големата болка – стои во пораката од РК Охрид.

Пред да направи трансфер во редовите на РК Охрид, ги бранеше боите на Металург и Пелистер, а исто така повремено беше дел и од составот на нашата сениорска репрезентација.

Во текот на денешните утринските часови безживотното тело на Даниловски било пронајдено во водите на Охридското езеро, кај туристичката населба Лагадин.

Првичните информации велат на телото дека немало траги од насилство. СВР Охрид во присуство на јавен обвинител извршила увид на местото, а самата истрага треба да ги покаже околностите и причините за настапувањето на смртта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот