После Вилијан, и Педро најави заминување од Челси (ФОТО)
Досегашниот играч на лондонските „сини“ преку својот Инстаграм профил потврди дека ќе се раздели со клубот од „Стемфорд Бриџ“
Педро играше пет години во дресот на Челси со кој успеа да освои по една титула во Премиер лигата, ФА купот и Лига Европа.
– После пет прекрасни години, мојата етапа во Челси заврши. Голема благодарност до управата на клубот, тренерите и соиграчите за времето поминато со нив. Тука секако се и навивачите. Бев многу среќен во Лондон, а Челси ме натера да се чувствувам како дома.
За мене беше огромно задоволство и чест да играм за овој клуб и да освојувам титули, како и да играм во една од најдобрите фудбалски лиги во светот – се зборовите на шпанскиот фудбалер.
Според италијанските медиуми неговиот нареден предизвик во кариерата се очекува да биде Рома.