Поштенските пратки од кај нас кон Кина се стопирани, но не и од таму кон Македонија

Од Пошта истакнуваат дека пратките од Народна Република Кина кои сé уште пристигнуваат се доставуваат според вообичаената динамика.

Испраќање на поштенски пратки од нашата земја кон примачи на подрачје на Кина, нема да се врши во наредниот период поради привременета забрана за летови кон и од Кина што ја воведоа авиокомпаниите како резултат на ширењето на коронавирусот, информираат од Пошта на РСМ.

Оттаму истакнуваат дека пратките од Народна Република Кина кои сé уште пристигнуваат се доставуваат според вообичаената динамика.

– Поради ширењето на корона вирусот во Народна Република Кина, авиокомпаниите кои покрај превозот на патници вршат и транспорт на поштенски пратки за Кина, имаат воспоставено привремена забрана за летовите кон и од Кина. Заради тоа, испраќање на поштенски пратки од нашата земја кон примачи на подрачје на Кина, нема да се врши во наредниот период, објави Пошта на РСМ на својата веб страница.

Прочитајте и...  Павле Трајанов: Без договорите со Грција и Бугарија далеку ќе бевме и од НАТО и од ЕУ

Националниот поштенски оператор ги замолува корисниците за разбирање и најавува дека навреме ќе извести за сите промени.

Претходно, дел од националните поштенски оператори во регионот, информираа дека престануваат да испорачуваат пратки од Кина, поради прекинатите летови од страна на авиокомпаниите.

Светската здравствена организација на почетокот на месецов соопшти дека примачите на пратки и писма од Кина не се изложени на ризик од зараза од коронавирус. – Според последните анализи вирусот не живее долго на површината на предметите, како што се писма или пакети, објави СЗО.

Прочитај повеќе

СПМ: Вработените во МВР професионално да ги извршуваат задачите за време на изборите

Слободен печат

ЗАЛОЖНИЧКА КРИЗА ВО ЦРКВА ВО ЈОХАНЕСБУРГ: Затворени над 200 лица, петмина се убиени

Слободен печат

Парламентарни избори 2020: Дали Македонците повторно ќе бидат на вистинската страна на историјата?

МИА Агенција

МВР во потрага по поранешниот претседател на Кривичен, Владимир Панчевски

Слободен печат

Тажна вест: Почина познатиот професор доктор Стојмен Михајловски

Мирослава Бурнс

Потврдени 199 случаи со Ковид-19 во последните 24 часа, починаа 8 лица

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Потпишана Декларација за млади, образование и иднината од страна на Универзитетските собранија и политичките партии

Слободен печат

Партија на Македонците во Србија со поддршка за коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ

Слободен печат

Лукаревска: Ги обезбедуваме работните места, им помагаме на компаниите и на вработените

Слободен печат

Најголем дневен пораст на бројот на новозаразени во БиХ

Слободен печат

Харвард возвраќа со тужба против одлуката на Трамп, со која се забранува престој на странски студенти во САД

Слободен печат

Мисајловски: Во Кучевишка Бара и Бел Камен ќе изградиме целосна подземна инфраструктура и нов асфалт (ВИДЕО)

Слободен печат