Португалија ќе отстапи пет отсто од своите дози на вакцини за поранешните колонии во Африка

Фото: EPA-EFE/ANTONIO PEDRO SANTOS

Португалија во втората половина од годината ќе испрати пет проценти од своите дози на анти-ковид вакцини на група африкански земји од португалско говорно подрачје, како и на Источен Тимор и Југоисточна Азија, најави денеска министерот за надворешни работи, Аугусто Сантош Силва.

Според програмата на ЕУ за дистрибуција на вакцини, Португалија со 10 милиони жители треба да добие 35 милиони дози, а пет проценти од оваа количина би биле 1,75 милиони дози.

Земјите на кои Португалија би испратила вакцини се нејзините поранешни африкански колонии – Мозамбик, Ангола, Гвинеја-Бисао, Екваторијална Гвинеја, Сао Томе и Принципе и Зеленортски Острови.

Силва пред новинарите изјави дека дистрибуцијата на вакцини во овие земји и на Источен Тимор е дел од „билатералната соработка”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот