Португалците не се плашат од корона, фудбалот се враќа на 1 јуни

EPA/ESTELA SILVA

Португалската Примеира лига ќе го продолжи првенството на 1 јуни и тоа ќе биде првата европска земја во која ќе се врати фудбалот.

Владата на Португалија потврди дека иако пандемијата од коронавирусот не стивнува засега, фудбалот ќе се врати на стадионите на 1 јуни.

Последното коло од Примеира лига беше одиграно на 8. март по што дојде пауза поради коронавирусот.

До крајот на сезоната во Португалија останаа да се доиграат уште 10 коло, а лидер на табелата е Порто со 60 бодови, еден повеќе од Бенфика, а дури 13 повеќе од третопласираната Брага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот