Порто со фуриозно второ полувреме го реши Вардар

„Црвено-црните„ загубија на гостувањето кај Порто со убедливи 22:30.

Ракометарите на Вардар го доживеаја шестиот пораз во групната фаза во Лигата на шампионите и најверојатно во осминафиналето ќе влезе како шестопласиран во групата Б.

Во одлучувачкиот натпревар за петтото место, Вардар е поразен на гостувањето кај Порто со 22:30 и сега португалскиот тим има бод предност на табелката во пресрет на последното коло кое се игра наредниот викенд.

Вардарци благодарение на расположениот голман Марко Кизиќ поведе со 3:1, но одговорот на домашниот тим беше серија од 4:0 по што до крајот на полувремето се играше израмнето. Ракометарите на Порто ја имаа контролата врз резултатот и на одмор се замина со 10:11.

Стартот на вториот дел беше одлучувачки за поразот на Вардар, при 11:12, домашните ракометари направија серија од 6:0 со која отидоа на недостижни 11:18. „Црвено-црните“ не успеаја да се вратат во игра и на крајот доживеаја
пораз од 22:30.

Данил Шишкарев со седум гола беше најдобар стрелец во редовите на Вардар, додека Кизиќ имаше 10 одбрани. Кај Порто, Кинтана броеше до 14, а кај стрелците се истакнаа Ареја Родригеш и Андре Гомеш со по пет.

Во последното коло, на 29 февруари во Скопје доаѓа Монпелје и Вардар мора да победи доколку не сака да заврши шести. Меѓутоа, дури и тогаш ќе зависи од Порто, ќе чека негов пораз во Брест, затоа што сега дури ни реми на тој меч со Мешков не одговара, поради подобриот меѓусебен скор на Порто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот