Порто оптимист дека може да ги освои бодовите во Скопје!

Фото: facebook.com/fcportosports/

В четврток (22. октомври) од 20.45 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Лигата на шампионите екипата на Вардар 1961 е домаќин на Порто.

Во претходниот натпревар (само втор сезонава) во елитата „црвено-црните“ предводени од тренерот Стевче Алушовски триумфираа над Флензбург, а португалскиот состав во својот четврти меч славеше дома над Пик Сегед, а голем придонес во таа победа имаше македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски.

Моментно на табелата во групата „А“ Порто е на третото место со четири бодови, а на шестото место е Вардар 1961 со два. Потсетување поради пандемијата на коронавирус, нашиот претставник има два меча помалку.

Португалците се оптимисти пред утрешната средба, Порто во Европа постепено расте и нивната цел е нов триумф.

Алушовски:  Тактиката на Порто „7 на 6“ е најголема закана за Вардар 

– Победивме против Пик Сегед, а сега мораме да бидеме внимателни против Вардар кој игра на домашен терен и веќе докажа дека има голем квалитет. Одиме во Македонија да триумфираме, фокусиравме сме и размислуваме само на освојување на бодовите и така се најдеме при самиот врв во групата. Овој натпревар нема да биде ништо поразличен, како и секогаш имаме високи победнички амбиции – вели централниот бек на Порто, Мигел Мартинс Соареш кој во првите четири дуели за неговиот клуб во ЛШ постигна 18 голови.

Мечот Вардар 1961-Порто ќе биде организиран согласно протоколот за работа и одржување натпревари усвоен од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство на Република Северна Македонија и истиот ќе биде без присуство на публика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот