Алушовски:  Тактиката на Порто „7 на 6“ е најголема закана за Вардар 

фото: РК Вардар 1961/Денис Дуковски

Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски, очекува неговите ракометари да продолжат со добрите игри во Лигата на шампионите иако против себе во четврток ќе има незгоден ривал во Порто.

Вардарци минатата недела го совладаа Фленсбург со 31:26 кој дотогаш немаше пораз во ЛШ, додека Порто на крилата на Никола Митревски славеше над Пик Сегед (25:19).
Стратегот на „црвено-црните“ ја анализира играта на противникот и смета дека клучот во победата е запирање на нивната игра „7 на 6“.

Можам да кажам дека по победата над Фленсбург атмосферата е на едно високо ниво. Не дека претходно не беше, ама нормално, убаво е кога ќе се победи еден таков противник и навистина мислам дека во последниве неколку дена добро работевме. Го анализиравме Порто, мислам дека е екипа, која не промени многу од минатата година, игра еден добар ракомет, пред се со тактиката „7 на 6“. Ги анализиравме и се надевам дека, ако успееме да одговориме на нивната игра „7 на 6“ имаме големи шанси вторпат да се радуваме во Скопје. Нормално дека сме максимално претпазливи, без разлика што на претходниот натпревар победивме. Секој натпревар е приказна за себе и затоа момците се максимално фокусирани, остануваа да работиме до четврток, да се договориме како и да излеземе и да се потрудиме да оствариме уште една победа во ЛШ. Нема да биде лесно, ова затоа се вика Лига на шампиони и секој натпревар е тежок – вели Алушовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот