Порно-ѕвездата Рон Џереми префрлен во душевна болница

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Поранешниот порно-актер Рон Џереми е префрлен во државна болница за ментално здравје откако беше прогласен за неспособен да му се суди за силување и сексуално вознемирување, соопшти денеска портпаролот на окружниот обвинител во Лос Анџелес.

Foto: EPA-EFE/DAVID MCNEW

Како што е соопштено од канцеларијата на окружниот обвинител, Рон може да остане во болница до две години.

Сослушувањето на кое повторно ќе се разговара за психичката состојба на Рон Џереми е закажано за 8 мај.

Рон Џереми (69) е обвинет за 30 точки од обвинението за силување и сексуално вознемирување во период од 23 години.

Порно-актерот се изјасни за невин во август 2021 година за повеќе од 30 точки од обвинението за сексуален напад, вклучително и 12 точки за силување, во областа на Лос Анџелес во текот на период од 23 години, за што се соочува со повеќе од 300 години затвор.

Фото: Профимедиа

Според обвинението, Џереми сексуално напаѓал жени на возраст помеѓу 15 и 51 година од 1996 до 2019 година.

Џереми е обвинет од обвинителството во Лос Анџелес за напади врз 21 жртва, меѓу кои и 15-годишно девојче, дела кои се стари повеќе од две децении. Последниот наводен напад се случил врз млада девојка во стриптиз клуб помеѓу 2002 и 2003 година. Обвинението беше поднесено кон крајот на јуни 2020 година, за напад врз четири жени, а во август истата година уште 20 жртви се приклучија на тужбата против Џереми.

Џереми е еден од најпознатите актери во порно-индустријата и се појавил во повеќе од 1.700 филмови од 1979 година, кога ја започнал својата кариера.

Порно актерот боледува од „тешка деменција“: Рон Џереми не е способен за судење

300 години затвор заменети со душевна болница: Рон Џереми прогласен за ментално неспособен

Жртвите на Рон Џереми изнесоа детали за силувањето: „Ги соблече панталоните и ме турна“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот