Foto: EPA-EFE/DAVID MCNEW

300 години затвор заменети со душевна болница: Рон Џереми прогласен за ментално неспособен

Кога ќе се соберат сите обвиненија кои се поднесени против порноактерот Рон Џереми, максималната казна затвор ќе изнесува повеќе од 300 години затвор.

Американскиот порноактер Рон Џереми е прогласен за ментално неспособен да го следи сопственото судење, во процесот по вкупно 34 обвиненија за силување и сексуални злосторства извршени врз 21 жена во период од повеќе од 20 години. Најмладата жртва имала само 15 години. Судот одлучува дали да го испрати во државна болница иако му се закануват повеќе од 300 години затвор. На вчерашното рочиште тој не бил присутен.

Рон Џереми – Фото: Profimedia

Судијата на Врховниот суд во Лос Анџелес на сослушувањето објави дека утврдил, врз основа на извештаите на обвинителите и одбраната, дека порноактерот боледува од „неизлечиво неврокогнитивно нарушување“. Адвокатот што го застапува Џереми од март 2022 година образложил дека неговиот клиент не можел да го препознае својот застапник при посета во неговата ќелија пред судско рочиште.

Фото: EPA-EFE/DAVID MCNEW/ POOL

Последниот наводен напад се случил врз млада девојка во стриптиз клуб помеѓу 2002 и 2003 година. Обвинението беше поднесено кон крајот на јуни 2020 година, за напад врз четири жени, а во август истата година уште 20 жртви се приклучија на тужбата против Џереми.

Фото: Profimedia

Рон се појавува во повеќе од 2.000 филмови за возрасни, почнувајќи од 1970-те години.

Повеќе на темата:

Порно актерот боледува од „тешка деменција“: Рон Џереми не е способен за судење

Жртвите на Рон Џереми изнесоа детали за силувањето: „Ги соблече панталоните и ме турна“

Силувал повеќе од 20 луѓе, меѓу кои и малолетно лице: Доживотен затвор за Рон Џереми

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот