Порно-актерот Рон Џереми излегува од затвор: Беше обвинет за повеќекратно силување

Фото: EPA-EFE/DAVID MCNEW/ POOL

Поранешиот порно-актер Рон Џереми, кој беше обвинет за повеќекратно силување ќе биде ослободен од затвор во приватна резиденција во Лос Анџелес, пишува „Бизнис инсајдер“.

Судијата го одби барањето на обвинителството за промена на планот поради протестите на наводните жртви на Џереми. Седумдесетгодишникот е во притвор поради обвинение за сексуални злосторства, но судијата во Лос Анџелес  пресуди дека тој е некомпетентен да му се суди, бидејќи има тешка деменција.

Рон чекаше сместување во државен објект, но судијата минатата недела го одобри барањето на неговиот адвокат да биде преместен во приватен дом поради неговата влошена здравствена состојба.

Сепак, обвинителите побараа од судијата повторно да размисли. Многу од жените кои го обвинија Џереми за силување или сексуален напад, исто така се спротивставија на овој потег. Неколку зборуваа на сослушувањето во четвртокот попладне во судницата во Холивуд.

Една од жртвите рече дека Џереми треба да страда како и неа.

„Тој ме затвори емотивно до крајот на мојот живот. Тој припаѓа во затвор и никогаш не треба да биде ослободен”, рече таа.

Друга рече дека ослободувањето на Џереми „не е правда за мене. Чувствувам дека ова е посебен третман за славна личност“.

Меѓутоа, судијата на Врховниот суд на округот Лос Анџелес, Роберт Харисон одби да ја смени својата одлука.

Тој нареди истрага за да се утврди дали Џереми се квалификува за старателство што би можело да го смести во државна болница, но нивната адвокатка, познатата адвокатка за правата на жените Глорија Олред, рече дека процесот може да трае со години, а истрагата не може да ги разгледа сегашните обвиненија на Џереми, при утврдувањето дали тој претставува ризик за јавната безбедност.

Во меѓувреме Џереми ќе биде ослободен, а Олред изјави дека не знае точно каде.

„Нема да знаеме каде е таа приватна резиденција и дали ќе биде затворен во приватната резиденција“, рече Олред.

Инаку Роналд Џереми Хајат, првично беше обвинет за четири точки од обвинението, но повеќе жени се појавија по неговото апсење, а случајот се искачи на 34 точки од обвинението за силување, присилен орален однос и сексуална навреда во која беа вклучени 23 жени.

Жртвите на Рон Џереми изнесоа детали за силувањето: „Ги соблече панталоните и ме турна“

300 години затвор заменети со душевна болница: Рон Џереми прогласен за ментално неспособен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот