Пораз и за Еурофарм Пелистер на стартот од СЕХА лигата

Фото: РК Еурофарм Пелистер

По поразот на Вардар од Татаран и вториот македонски претставник во СЕХА лигата сезоната ја стартуваше со пораз.

Еурофарм Пелистер вечерва беше убедливо поразен во Нови Сад на гостувањето кај Војводина. Српскиот шампион славеше убедлива победа од 29:24. Битолскиот клуб денес одигра очајно второто полувреме во кое Војводина ја направи разлика.

На полувремето резултатот беше 14:14, но потоа „пелистерци“ стартуваа со негатива од 4:1 во вториот дел. Се до 43. минута македонскиот претставник беше на два постигнати гола, а противникот тоа знаеше да го искористи и дојде до највисоките 25:18.

Кратката криза на Војводина и одбраните на Марко Кизиќ беа причина за мала надеж на избраниците на Ларс Валтер, сепак домаќините не дозволија да ја испуштат убедливата предност и запишаа победа.

Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше Ненад Костески кој постигна седум гола, Кизиќ собра седум одбрани. Во вториот натпревар Еурофарм Пелистер ќе се соочи со Нексе на гостински терен на 2. февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот