Пораз за Вардар кај Татран во првото коло од СЕХА лига

Фото: РК Вардар

Ракометарите на Вардар со пораз ја стартуваа новата сезона во СЕХА лигата, Татран Прешов славеше победа на домашен терен 27:23.

Црвено-црните по добриот старт на средбата попуштиja во продолжение и дозволиja домашните да имаат разлика која ја одржуваа преку целиот натпревар. Се доближија избраниците на Недановски во самиот финиш и на „минус еден“, сепак повеќе вардарци не можеа.

На пауза Татран имаше предност од 14:11, откако констатно претходно по почетните 3:3 водеше од два-три гола. Во вториот период Вардар имаше еден лош период во кој Татран дојде и на 21:16.

Се врати Вардар во финишот на пристојна негатива, меѓутоа Лопез со голот од седмерец и Ребек ги решија дилемите околу победникот. Талески со осум гола беше прв стрелец кај Вардар, додека Ребек кај Татран постигна десет гола.

Во следното коло Вардар ќе биде домаќин на српскиот вицешампион Партизан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот