Порасна внукот на Тоше: Дали Кристијан Ристески ќе ја продолжи својата музичка кариера?

Instagram

Дали се сеќавате на внукот на Тоше Проески? Кристијан Ристески беше ученик во основно училиште кога неговиот вујко трагично почина во сообраќајната несреќа.

Денес, Кристијан веројатно веќе ги финализира студиите на Универзитетот за аудио-визуелни уметности – ЕСРА во Скопје и посветено и со многу љубов се гради како музичар.

Дека е музички надарен зборува и фактот кога Кристијан за прв пат ја воодушеви македонската и светската јавност во 2009 година кога излезе песната „My Little Onе“ која ја снимиле заедно со Тоше.

А потоа во 2018 ја објави и песната „We are blood“ во соработка со британскиот продуцент и соработник на Тоше, Енди Рајт.

Верувам дека дека вујко ми би ми кажал дека песната е многу убава. Најважно е што е во рок стил, кој на него многу му се допаѓаше“, во една прилика изјави Кристијан во времето кога ја промовираше песната.

Колку е популарен вујко ми сфатив на Градскиот стадион, на претпоследниот концерт во 2006 година, и на последниот во 2007 година. Пред последниот концерт имав еден проблем. Пред концертот бевме во Злокуќани, во куќата каде што живееше, игравме Плејстејшн. Јас тогаш јадев многу благо… Испив цела туба чоколаден прелив. Пола саат пред пробата, добив труење на желудник, и наместо на проба отидовме директно во болница, па од болница на Градски“, раскажа Кристијан кога гостуваше во емисијата „Еден на еден“, сеќавајќи се на времето кога Тоше поради него ќе задоцнел на официјалната проба за концертот.

Сепак, за него, освен за неговите ретки музички ангажмани, македонската јавност за жал не знае многу. Од неговиот инстаграм-профил може да се забележи дека Ристески е љубител на зимските спортови и ужива да биде во природа опкружен со пријателите…

Во неговите последни интервјуа, Кристијан кажа дека нема посебни планови за иднината, дека ја сака музиката и ќе остави времето да покаже што понатаму. А ние со нетрпение очекуваме да слушнеме нешто ново од талентираниот Кристијан!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот