Поранешното момче и го уништи лицето, таа закрепна и сега ги краси насловните страници (ФОТО)

инстаграм

Британската водителка и инфлуенсерка Кејти Пајпер (36) уште еднаш проговори за страшното искуство кое го доживеа во 2008 година. Нејзиното тогашно момче – Даниел Ланч огранизираше напад врз неа, а таа тогаш беше на врвот од кариерата. Беше манекенка и само што ја освои титулата Мис Винчестер. Момчето одлучи да и уништи сè, па го изнајмил Стефан Силвесер, кој на Кејти и фрли сулфурна киселина врз лицето.

Кејти ослепи на едното око, кожата и беше уништена, па така таа повеќе од една година не излегуваше во јавноста. Беше 12 дена во индуцирана кома и имаше повеќе од 300 операции со цел да го реконструира своето лице.

– Ако морам да прифатам дека трајно сум се променила, тогаш морам да ја менувам и индустријата, изјави Кејти, која за „ Harper Bazaar“ позираше во незакопчана бела кошула која ги откри и нејзините лузни над градите.

Освен физички, таа има и психички последици, но сепак собра доволно сила и јавно проговори со цел да им помогне на жените кои трпат насилство или претрпеле насилство.

– Се сеќавам на времето кога не сакав никого да видам, ниту пак сакав некој мене да ме види. Се плашев од луѓето, особено од мажите. Стравував од целиот свет. Се сеќавам дека тогаш разговорот за ова траума беше невозможна мисија, изјави Кејти за „ Harper Bazaar“.

View this post on Instagram

Back to blonde ?

A post shared by K A T I E P I P E R (@katiepiper_) on

Кејти го познавала многу кратко Давид, а по две недели врска тој се покажал како вистински монструм. Ја силувал и злоставувал, а потоа и го уништил и лицето. Тој е осуден на доживотна казна затвор во 2009 година.

Кејти сега е во среќен брак со градежниот претприемач Ричард Џејмисон Ситон (37) и имаат две ќерки Пенелопе (3) и Бела (6).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот