Поранешниот играч на Реал и голема фудбалска надеж Ројстон Дренте (33) прогласи банкрот, пренесуваат холандските медиуми.
Имено, Дренте беше официјално известен од судот во Бреда дека влегол во процес на личен банкрот, што значи дека добива старател (суд) и целиот процес минува низ него.
Така барем некако избегна притисок од доверителите, особено од извршителите. Моментно игра за холандскиот третолигаш Козакен бојс.
View this post on Instagram
Дренте во својата кариера смени десетина клубови, од кои најпознат е славниот Реал Мадрид, за кој играше пет години, со две позајмици. Со „кралевите“ успеа да ја освои титулата во „Ла Лига“ во сезоната 2007/08, има и еден трофеј во шпанскиот Суперкуп.
Тој исто така ги бранеше боите на Феенорд, Екцелсиор, Херкулес, Евертон, Ридинг, Шефилд, Спарта и уште неколку клубови.
Former Real Madrid wonderkid Royston Drenthe is declared bankrupt at the age of 33.https://t.co/YcL2mCN92H
— 101 Great Goals (@101greatgoals) December 3, 2020
За време на неговата кариера имаше големи и профитабилни договори, но на крајот ја плати цената со луксузен начин на живот и погрешни деловни потези.
Еднаш призна дека изгубил дури 3,5 милиони евра, а во меѓувреме стана рапер и сними неколку спотови.