Поранешната шампионка на Вимблдон изгледа непрепознатливо (ФОТО)

фото: профимедиа

Голем дел од професионалните спортисти по завршувањето на кариерите, знаат да се „опуштат“ и да качат некој килограм повеќе. Но, Мерион Бартоли се чини дека претера во пензионерските денови.

фото: профимедиа

Французинката во 2013 година триумфира на Вимблдон и веднаш замина во пензија. Една година подоцна таа запозна момче кое и го смени животот, но на полошо. Бартоли по раскинот со дечкото, прво „стопи“ многу килограми и во 2016 година за време на посетата во Индија се разболе од мистериозен вирус кој и го исцрпе организмот. По неколкумесечниот престој во болница, таа имаше само 40 килограми, но успеа да се опорави.

– Многу килограми загубив поради бившото момче кој животот ми го направи вистински пекол. Прифатив некои работи кои се неприфатливи и си велев дека тоа не е ништо сериозно, а на крајот завршив потполно уништена. Изгубив многу килограми, бев премногу слаба, имав само 40 килограми, а сето тоа влијаеше на имунолошкиот систем, па вирусот ме уништи – изјави Бартоли.

фото: профимедиа

Сепак, на овогодинешното издание на Вимблдон, Мерион Бартоли беше непрепознатлива покажувајќи дека болеста со мистериозниот вирус одамна е завршена. Таа успеала да „качи“ неколку десетина килограми повеќе поради што се најде во центарот на вниманието на Вимблдон.

фото: профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот