Поранешната љубовница на Бекам конечно проговори: Тој треба јавно да се извини, наместо да глуми жртва!

Фото: EPA/Profimedia

Иако денес живее сосема поинаков живот, 45-годишната Ребека Лос повеќето и понатаму ја гледаат како поранешната љубовница на Бекам.

Ребека Лос сака Дејвид Бекам „да се охрабри и јавно да се извини што ја повредил сопругата“, тврди извор, а пишува „Дејли мејл“.

Инструкторката по јога и поранешна манекенка за првпат била видена во јавноста по објавувањето на документарецот, а на пријателите им кажала дека е вознемирена што поранешниот капитен на Англија никогаш не се извинил во неговиот документарен филм за Нетфликс, кој самиот го продуцирал.

Имено, Бекам и Викторија за првпат проговорија за исходот од неговата наводна афера со мајката на две деца. Познатиот фудбалер во еден момент емотивно опишува како скандалот во 2004 година за малку ќе го уништел нивниот брак.

Ребека мисли дека Дејвид треба „јавно да се извини за болката што ја предизвикал на својата сопруга, наместо да глуми жртва“. Тој отсекогаш ги опишувал тврдењата за аферата како „смешни“, но никогаш не ги потврдил или негирал наводите.

Наводната афера, која тој секогаш ја негирал, наводно се случила додека тој настапувал за шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид.

Јадранот им е омилен: Викторија и Дејвид Бекам повторно се вратија во Хрватска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот