Поранешната љубовница на Дејвид Бекам се огласи по скандалот со Бруклин и јавно откри на чија страна е!
Ребека Лус, поранешната лична асистентка на Дејвид Бекам, се огласи по повод шокантната јавна пресметка на Бруклин Бекам со родителите, Викторија и Дејвид. Како нивниот сопствен син да не ископал доволно длабоки рани, познатата љубовница на познатиот фудбалер (барем како што тврди таа), одлучила да додаде сол на раната.
Препорачано
Ребека Лус (48) во 2004 година се најде во центарот на вниманието на светската јавност кога откри дека имала афера со фудбалерот Дејвид Бекам. Откако тој ги нарече нејзините обвинувања „апсурдни“ во документарец на Нетфликс, повторно имавме можност да ја видиме на секоја телевизија и на секој портал, каде што, како што самата вели, „ја брани својата вистина“.
Со оглед на тоа што, како што тврди, своевремено била на изиграна, потоа наречена „расипувачка на бракови“, а на крај окарактеризирана како „лажливка“, таа не чекаше долго да проговори за ескалацијата на семејната драма на семејството Бекам и дека јавно, преку социјалните мрежи, да застане на страната на нивниот син Бруклин Бекам, кој ги прекина контактите со родителите и јавно раскажа колку лошо се однесувале кон него и кон неговата сопруга Никола Пелц.
„Толку сум среќна што конечно се заложи за себе и јавно проговори! Ми беше многу жал за неговата кутра сопруга, бидејќи многу добро знам какви тие можат да бидат“, рече Ребека во своето прво огласување на Инстаграм, пренесе „Пејџ сикс“.
Во друг коментар, таа додаде: „Вистината секогаш излегува на виделина“, што директно се надоврзува на изјавата на Бруклин, која гласеше речиси идентично.
Ребека Лус денес живее во Норвешка со сопругот и децата. Иако поминаа повеќе од две децении од наводната афера, па јавноста ги заборави скандалозните настани од 2004 година, со оглед на тоа што Дејвид Бекам со години ги негираше обвинувањата за аферата и зборуваше за темата во документарна серија објавена во октомври 2023 година – таа мораше да се огласи. Ребека во тоа време изјави дека серијата тоа бил негов обид да „претстави слика за совршенство што нема никаква врска со реалноста“.
Нејзината поддршка за Бруклин (26) дојде само неколку часа откако најстариот син на Викторија и Бекам објави шокантно соопштение на Инстаграм, во кое рече дека не сака помирување со семејството и дека „за првпат во животот се залага за себе“.
Бруклин и неговата сопруга Никола Пелц со месеци се во центарот на семејниот раскол, поради што пропуштија голем број важни семејни настани, вклучувајќи го 50-тиот роденден на Дејвид Бекам и неговата витешка титула.
Во својата изјава Бруклин тврди дека проблемите започнале во текот на подготовките за нивната свадба во април 2022 година, обвинувајќи ги своите родители дека „постојано се обидуваат да го уништат“ неговиот однос со Никола.
Тој изјави дека бил „контролиран од семејство кое, пред сè, ја цени јавната промоција пред светот“ и дека само со Никола пронашол „мир и олеснување“ по години борба со тешка анксиозност.
ВИДЕО | Бруклин Бекам поради ова видео го блокирал целото семејство на Инстаграм


