Иванчица Пахор, поранешна Мис туризам Хрватска: Принтскрин/Инстаграм

Поранешна мис на Хрватска боледува од рак: „Косата падна на перницата, бледило во огледалото“

Поранешната Мис туризам Хрватска, денес претприемачка и дизајнерка на накит, Иванчица Пахор, пред неколку месеци објави дека боледува од рак кој ги зафатил лимфните јазли. Оттогаш, таа се бори со тешката болест, а со својата нова објава на Инстаграм, трогна многумина.

Со фотографија од автомобилот, Пахор напишала како болеста ја променила и што ја научила.

„Оваа болест ме научи да се сакам себеси каква што сум. Косата падна на перницата, во огледалото замор и бледило… И токму тогаш ја откриваш силата и убавината што немаат никаква врска со совршенството“, напиша таа во објава што растажи многумина.

Иванчица Пахор, поранешна Мис туризам Хрватска/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Иванчица во ноември минатата година на Фејсбук откри дека ѝ е дијагностициран рак и тогаш сподели со јавноста низ што поминува.

„Во овие моменти поминувам низ најтешката агонија во мојот живот и најголемата борба досега. Медицинските анализи ја потврдија дијагнозата за рак. Оние што ме познаваат знаат дека целиот мој живот беше голема и постојана борба – паѓав, но секогаш станував. Немав време за жалење, ниту за пауза. Се дадав самата себе до крајните граници, а сè поради една желба: моето семејство да биде среќно“, напишала Пахор.

ВИДЕО | Поранешна хрватска мис откри дека боледува од рак: „Боже, во твоите раце се предавам, води ме“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот