ВИДЕО | Поранешна хрватска мис откри дека боледува од рак: „Боже, во твоите раце се предавам, води ме“
Иванчица Пахор, 43-годишна претприемачка и поранешна Мис Туризам на Хрватска во 2000 година, се соочи со една од најтешките вести што може да ги добие човек.
Препорачано
Иванчица откри преку социјалните мрежи дека ѝ е дијагностициран рак. Оваа вест ги шокираше нејзините следбеници и пријатели, со оглед на тоа што таа отсекогаш оставала впечаток на силна и незапирлива жена која успешно ги балансира мајчинството и работата.
„Во овие моменти поминувам низ својата најтешка животна агонија и мојата најголема борба досега. Медицинските тестови ја потврдија дијагнозата на карцином“, со тие зборови поранешната мис Иванчица Пахор за првпат јавно проговори за болеста што ѝ го променила секојдневието. И покрај сè, таа не губи верба ниту сила. Оваа борба мирно ја прифаќа и е одлучна да помине низ неа со крената глава.
„Оние што ме познаваат знаат дека целиот мој живот беше голема и постојана борба – паѓав, но одново се кревав. Немав време ниту за жалење, а ниту за одмор. Се давав себеси до крајни граници, а сè само поради една желба: моето семејство да биде среќно. Сè подредив на работата, создавањето, креирањето, вработувањето, помагањето – сакав да давам и создавам нешто корисно и убаво, за општото добро и за Вас. Сè што сакав, остварив“, додала Пахор на Фејсбук.
Нејзиното семејство ѝ дава сила во моментите кога поминува низ дијагноза што ѝ го менува животот од темел.
„Најголемото богатство и животното остварување го имам на Уна. Поддршка и цврста карпа во мајка ми, пожртвуваноста и посветеноста на мојот драг брат. Татко ми замина толку рано. Уште од мала, се сеќавам на неговите зборови ‘работа, работа и само работа’. И тоа е она што ни го вткаеше и ни го остави како трајно наследство. Кога ќе погледнам зад себе, гледам дека сум постигнала многу. Секогаш ме носеше некоја натприродна сила и верба дека ништо не може да ме скрши. Но, животот е непредвидлив и понекогаш нè изненадува токму кога мислиме дека сме најсилни“, напишала Иванчица.
Во оваа борба го гледа почетокот, а не крајот.
– Подготвена сум за оваа борба и одлучна да ја поминам со крената глава. Му ветив на драгиот Бог дека ќе излезам од неа уште посилна и подобра во секоја смисла. Го прифаќам овој товар со полна сила и верба дека и во него има причина – можеби токму сега дојде моментот да застанам и да земам здив и подобро да ја запознаам внатрешноста на мојата душа. Ти благодарам, драги Боже. Во твоите раце се предавам целосно. Води ме – додала таа.
Многумина ја поддржале во овие тешки моменти.
„Бог е со тебе на ова патување, верувај во Неговата сила и милост“, „Не се давај, драга Иванчица“, „Драга моја, разговаравме за тоа пред некој ден и ти реков, колку и да изгледа тешко сега, на крајот сè ќе биде во ред. Ти испраќам многу, многу позитивна енергија и се молам за тебе“, напишале следбениците во коментарите.
Иванчица ја освои титулата Мис Туризам во 2000 година, а денес повеќе не се занимава со манекенство. Сега дизајнира накит, а се обиде и во политиката.


