Поради промовирање на хомосексуалноста: Кувајт и Либан го забранија филмот „Barbie“

Фото: Твитер/„Барби“

Филмот „Barbie“ започнува премиерно да се прикажува низ Блискиот Исток, но одлуката на Кувајт и Либан да го забранат филмот поради неговите теми за полот и сексуалноста, покренаа прашања за тоа колку широко ќе биде прикажан, пренесува „Ен-би-си“.

Кувајт ја објави својата забрана доцна во средата, велејќи дека филмот промовира „идеи и верувања кои се туѓи на кувајтското општество и јавниот ред“, без да даде повеќе детали.

Во Либан, министерот за култура Мохамад Мортада изјави дека филмот противречи на вредностите на верата и моралот и ја промовира хомосексуалноста и сексуалната трансформација.

Фото: LANDMARK MEDIA / Alamy / Alamy / Profimedia

Неговото барање за забрана на филмот беше проследено до либанската агенција за општа безбедност, која е под Министерството за внатрешни работи и традиционално се справува со одлуки за цензура, за да ја донесе конечната пресуда.

Овој потег веќе предизвика реакции во Либан, кој долго време беше остров на релативна толеранција за хомосексуалноста. Тамошната заедница беше под зголемен притисок во последниве години.

„Барби“ не вклучува никаква отворена сексуалност, но актерската екипа ги вклучува Кејт Мекинон, која е геј, и Хари Неф, трансродово лице.

Фото: Instagram/ barbiethemovie

Филмовите што содржат секс, хомосексуалност и религиозни прашања рутински се сечат при прикажувањето во државите на Блискиот Исток, за да се усогласат со правилата за цензура. Ако филмското студио не сака да ги направи прилагодувањата предложени од цензорите, на филмовите им е забрането да се прикажуваат во кината.

Во изминатиов период и Виетнам го забрани филмот, поради прикажување на мапа за која се тврди дека ги прикажува нелегалните територијални претензии на Кина.

Инаку, филмот за куклата Барби, заработи над 1 милијарда долари за помалку од еден месец. Филмот на Грета Гервиг надмина 400 милиони долари во Америка и 500 милиони на меѓународно ниво побрзо од кој било друг филм во студиото „Ворнер Брос“.

ВИДЕО | Погледнете го новиот трејлер за филмот „Barbie“: За четири часа собра милион и пол прегледи

ФОТО | Интересен детаљ во „Barbie“: Ламбите во филмот се на еден регионален дизајнерски бренд

За 8 месеци ќе се родат многу нови Барби и Кен: Филмот „Barbie“ предизвика зголемен интерес за именување бебиња

Виетнам го забрани филмот „Барби“ поради контроверзна сцена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот