ФОТО | Интересен детаљ во „Barbie“: Ламбите во филмот се на еден регионален дизајнерски бренд

Фото: Скриншот/Јутјуб

Моментално, филмот „Barbie“ соборува рекорди на гледаност ширум светот, а публика од сите генерации доаѓа во кино за да ги гледа Марго Роби и Рајан Гослинг во улогите на куклите Барби и Кен.

Оние кои веќе го изгледаа филмот велат дека пријатната естетика на „Barbie“ е голем плус за новиот филм на режисерката Грета Гервиг. Секако, во светот на куклата Барби посебно место има нејзината куќа, која е уредена во розови нијанси.

Фото: Скриншот/Јутјуб

Интересно е дека ламбите, кои се поставени на наткасните покрај креветот на Барби, се изработуваат во Словенија, односно се од дизајнерското студио „Брајак Витберг“, чие седиште е во Љубљана.

Фото: Инстаграм/Брајат Витберг

Брендот е основан во 2019 година и произведува луксузни парчиња мебел, а ламбите „Мајами“ се инспирирани од сонцето во Мајами. Изработени се од син и розов плексиглас.

Фото: Инстаграм/Брајат Витберг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот