ВИДЕО | Погледнете го новиот трејлер за филмот „Barbie“: За четири часа собра милион и пол прегледи

Фото: Принтскрин/ YouTube

Објавен е нов трејлер за долгоочекуваниот филм „Barbie“. Трејлерот се појави на официјалниот јутјуб-канал на „Ворнер брос“, и открива повеќе детали за заплетот на филмот. За само четири часа трејлерот собра милион и пол прегледи.

Во новиот трејлер се гледа како Барби, која ја игра Маргот Роби, и Кен, кој го игра Рајан Гослинг, танцуваат во нивниот розов свет. Но, во еден момент, Барби е погодена од егзистенцијална криза и решава да ја посети својата пријателка која и го покажува реалниот свет. Барби и Кен не се снаоѓаат најдобро во реалниот свет и завршуваат во затвор, а нивното заминување од розовиот свет ја загрижува компанијата Мател, која сака веднаш да се вратат.

Филмот пристигнува во кината на 21 јули. Оваа комедија за една од најпознатите кукли на сите времиња, ја напишаа Грета Гервиг и Ноа Баумбах, а ја режираше Гервиг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот