Поради него сте посреќни, поздрави и поотпорни, па затоа практикувајте го што повеќе!

Го знаете тоа чувство кога се чувствувате среќни и исполнети по сексот? Да, тоа е поради ендорфин, окситоцин и допамин кои ги осветлуваат центрите за задоволство во вашиот мозок и создаваат чувство на возбуда

Истражувачите кои проучуваат секс откриле дека луѓето кои имаат повеќе секс имаат помал ризик да заболат од рак, срцеви заболувања и други болести. Но, покрај задоволувањето на вашите основни потреби, сексот го зајакнува и вашиот имунитет, но и многу други работи.

Сексот е добар од овие седум причини:

1. Го зајакнува имунитетот

Силен имунолошки систем во овие времиња е поважен од кога било. И забавен начин да го подобрите вашиот би билo да го користите креветот во спалната соба колку што е можно почесто, но не само за спиење.

Истражување од 2004 година покажало дека луѓето кои имале сексуален однос најмалку три пати неделно, имаат 30 проценти поголемо ниво на антитела за борба против болеста на имуноглобулин, отколку оние кои имале секс двапати или дури и помалку.

2. Се чувствувате добро. Многу добро

Ендорфин, окситоцин и допамин ги осветлуваат центрите за задоволство во вашиот мозок и создаваат чувство на возбуда за време на сексот.

Се покажало дека редовниот секс ја брка депресијата со подобрување на целокупната среќа.

3. Помага при несоница

Сексот пред спиење може да го подобри квалитетот на вашиот сон.

Кај мажите, ова е предизвикано од оргазмичко ослободување на хемикалија наречена пролактин, што ги прави веднаш да се чувствуваат опуштено и уморно. Кај жените, зголемувањето на естрогенот по сексот може да го подобри РЕМ сонот.

4. Ве одржува среќни и задоволни

Редовната активност во спалната соба го одржува мускулниот тонус и протокот на крв во вашите интимни делови, а кај жените помага при природно подмачкување. Затоа сексот нема да биде толку болен, особено за жените кои поминуваат низ менопауза.

5. Ја намалува болката

Не одбивајте секс затоа што имате главоболка. Излегува дека оргазмите можат да излечат главоболки, како и грчеви во менструацијата, болки во грбот, па дури и болки во артритисот.

Олеснувањето на болката преку сексот се должи на ослободување на ендорфин, природен аспирин во телото (поради што не ве вознемируваат вообичаените болни активности како што се влечење за коса и гребење на ноктите).

6. Го намалува ризикот од рак на простата

Ракот на простата е една од најголемите здравствени закани кај мажите постари од 60 години. Природен начин да се спречи ова може да биде повеќе секс.

Студија објавена во „Journal of American Medical Association“ открива дека мажите кои ејакулираат најмалку 21 пати месечно имаат помали шанси да развијат рак на простата.

Оваа здравствена корист започнува рано, а мажите кои имаат повеќе секс во дваесеттите години се побезбедни децении подоцна, пишува The Sun.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот