Поради големиот пожар во Валенсија одложен мечот против Гранада

фото: EPA-EFE/KAI FORSTERLING

Четири лица загинаа, а уште 15 се водат како исчезнати кога огромен пожар зафати две станбени згради во Валенсија, каде живеат околу 450 луѓе. По големата несреќа, одложен е и фудбалскиот натпревар во „Ла Лига“ помеѓу Валенсија и Гранада кој требаше да се одигра викендов.

Во петокот Валенсија излезе со соопштение во кое побара одложување, а лигата многу брзо реагираше и го одобри барањето на Валенсија. Новиот датум ќе биде објавен подоцна.

– Сите ние во фудбалскиот клуб Валенсија сме шокирани и тажни од веста за пожарот што се случи и сакаме да упатиме најискрено сочувство до семејствата и пријателите на жртвите. Сакаме да им се заблагодариме и на јавните служби за нивните напори и работа – порачаа од Валенсија, додека пораки со сочувство до настраданите и поддршка за погодените од пожарот пристигнуваат од сите клубови во Шпанија.

Во соопштението, Валенсија наведува дека тренинзите и за машкиот и за женскиот тим ќе започнат со едноминутно молчење во петок, а знамињата ќе бидат спуштени на половина копје во сите клупски простории.

По несреќата, многу клубови од „Ла Лига“ се огласија со пораки на сочувство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот