Поради долг од 150 евра момче било киднапирано и силувано во парк шумата Гази Баба

Јавно Обвинителство / Фото: МИА

Јавното обвинителство поднесе обвинителен акт и барање за продолжување на мерката притвор за двајца 22-годишни скопјани, кои на 2 декември за наводен долг од 150 евра, однеле едно лице во Парк шумата Гази Баба, каде го соблекле и му ја запалиле облеката, а потоа извршиле и полови дејствија врз него.

– По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против двајца 22-годишни скопјани за кривично дело – полов напад и силување од член 186 став 1, како и противправно лишување од слобода според член 140 став 5 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик, известуваат од ЈО.

Оттаму, соопштуваат дека на 2 декември, обвинетите киднапирале лице кое наводно им должело 150 евра, така што против негова волја го однеле во Парк шумата Гази Баба, го соблекле и му ја запалиле облеката и личните работи, а потоа присилно извршиле и други полови дејствија кон него.

Со обвинителниот акт, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот