Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Поради бура трката во Мајами ќе стартува три часа порано

Поради најавеното невреме во Мајами, организаторите на Големата награда на Мајами донесоа одлука да го поместат стартот на трката неколку часа порано од првично планираното време.

Од Формула 1 соопштија дека по консултациите со ФИА и локалниот промотер, трката ќе започне во 13:00 часот по локално време, наместо како што беше планирано во 16:00 часот. Причината е прогнозата која најавува обилни врнежи токму во терминот кога требаше да се вози трката.

Тоа значи дека љубителите на Формула 1 во Македонија ќе можат да ја следат трката од 19:00 часот, наместо во 22:00 како што беше првично предвидено.

Од првата стартна позиција ќе тргне Кими Антонели, додека веднаш до него на гридот ќе биде Макс Ферстапен.

Формула 1: Кими Антонели на пол позиција во Мајами

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот