Фото: EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Формула 1: Кими Антонели на пол позиција во Мајами

Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, ќе ја започне трката за Големата награда на Мајами во Формула 1 од пол-позицијата, откако во саботата беше најбрз во квалификациите.

Водечкиот во генералниот пласман славеше со резултат од 1:27.798 минути.

Антонели беше за 0,166 секунди побрз од возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, кој трката ќе ја започне на второто место, и за 0,345 секунди побрз од третопласираниот Шарл Леклер во Ферари.

Актуелниот светски шампион, возачот на Мекларен, Ландо Норис, беше четврти, додека Џорџ Расел во Мерцедес ќе започне петти.

Зад нив се возачот на Ферари, Луис Хамилтон, Оскар Пјастри во Мекларен, Франко Колапинто во Алпина, Исак Хајар во Ред Бул и вториот возач на Алпин, Пјер Гасли.

Трката за Големата награда на Мајами ќе се одржи в недела од 22.00 часот по македонско време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот