фото: instagram.com/fkmakedonijagp1932

Попзлатанов: И Шкендија има слаби страни, а ние планираме да ги искористиме

Второто коло во Првата македонска фудбалска лига, за тимот на Македонија Ѓорче Петров ќе биде премиерно пред домашна публика.

На воведниот меч од новата сезона, „лавовите“ имаа тешка задача на гостувањето во Струга, каде што загубија со 2:0.

Денеска од 17.00 часот ќе имаат можност за резултатска рехабилитација и освојување на првите бодови сезонава.

На стадионот во Ѓорче Петров доаѓа актуелниот првак, Шкендија, тим кој новото првенство го отвори со победа од 5:1 против Шкупи.

– Првото коло секогаш е тешко да се игра, особено ако тоа значи гостување во Струга. Голем удел во поразот имаше и тоа што не бевме комплетни. Полека, но сигурно се комплетираме, ни се приклучуваат странците, имаме уште неколку повредени, но ниту едното, ниту другото не е повод за алиби. Добро ја анализиравме Шкендија, знаеме за каков противник се работи. Не случајно направија голем успех во Европа.

Сепак, како и секоја екипа и Шкендија има слаби страни, а ние планираме да ги искористиме. Македонија Ѓ.П. на домашен терен секогаш игра добар и пред се цврст фудбал. На ниту еден тим нема да му биде лесно да игра на нашиот стадион. Очекувам голема борба, максимум од целата екипа и секако, посветеност за позитивен резултат – вели фудбалерот на Македонија ЃП, Јован Попзлатанов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот