Поповиќ првпат откри шокантни детали за Северина: Детето не го носеше 46 дена во училиште, ќе повторуваше година

Фото: Принтскрин/Instagram

Српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, поранешниот партнер на хрватската пејачка Северина и татко на нивното дете, ја изнесе својата страна на приказната за конфликтот и судските битки кои со години ги води со пејачката. 

Милан Поповиќ ја обвини Северина за занемарување на детето и се осврна на поранешната судска одлука дека детето треба да биде со него додека трае наставата во училиштето, пишува „Глорија“.

Како причина за нивните партнерски несогласувања ја навел променливата емотивна состојба на пејачката со која не можел да се справи, што довело до нивно раскинување по шестмесечна врска.

Поповиќ тврди дека Северина не го однела нивниот син Александар на училиште повеќе од 40 дена.

– Јас не сум сопруг на Северина, не стасав да ѝ станам сопруг. Не е вистина сето она што се пишува во медиумите и што го зборува Северина. Причината зошто беше донесена таа пресуда, кога беше донесена пред две години, беше главната причина поради која ѝ беше намалено времето што го поминува со детето – пред таа пресуда таа 46 дена не го носела детето на училиште – рекол Поповиќ телевизија „Хепи“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

– Тогаш Центарот за социјална работа, особено за старателството, судот, едноставно седна и донесе одлука дека имаме право на пола-пола, сите празници и одмори, но кога детето оди на училиште треба да биде со мене, јас да го носам на училиште, за да се осигура дека детето оди на училиште. Таа не го носела на училиште 46 дена без оправдување, нема оправдување за тоа, детето требало да оди на училиште. Детето мораше да полага државен испит, ќе повторуваше година. Среќа во несреќата беше коронавирусот, беше оналајн, па тој и јас еден по еден работевме заедно два месеца интензивно за да може конечно да положи се. Не е вистина како што таа вели дека системот ја малтретирал, дека ѝ го одзел детето. Таа е медиумска личност, тие живеат од вести, фотографии, текстови, какви и да се. Еднаш ми кажа токму вака, го цитираше Горан Бреговиќ: „Напишете што сакате, само ставете ми добра фотографија“ – рекол Поповиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milan Popovic (@milan8popovic)

Поповиќ рекол, меѓу другото, дека поранешниот сопруг на Северина, Игор Којиќ, повеќе се грижел за нивниот син Александар.

„Таа го запостави детето, не поминуваше време со него, не го носеше на училиште, не се грижеше за него, разни луѓе се грижеа за него. Игор, на пример, додека беше партнер на Северина, се грижеше повеќе, и јас сум му благодарен за тоа затоа што е подобро што беше со него отколку со некои сомнителни луѓе…“

Северина, пак, тврдеше дека во годините по раѓањето на нивното дете, нејзиниот поранешен партнер се заканувал дека ќе ѝ го одземе детето.

Видео на денот