Пониски цените на производителите на индустриски производи

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во април годинава се пониски за 0,1 отсто на месечно, а 0,3 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Соред објавените податоци, во април во споредба со март 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи,  се пониски во секторот рударство и вадење камен за 10,2 отсто, а се повисоки во секторот преработувачка индустрија за 0,5 отсто и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3,5 отсто.

Во април 2020, во споредба со април лани, продажните цени на производителите на индустриски производи,  се пониски во секторот рударство и вадење  камен за 19,9 отсто и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5,4 отсто, а во секторот преработувачка индустрија се повисоки за 1,7 отсто.

Објавените податоци покажуваат дека продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски 0,7 отсто на месечно ниво, а за 0,9 отсто на годишно ниво.

Во април 2020, во споредба со март 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот рударство и вадење камен за 14,7 отсто, а во секторот преработувачка индустрија се повисоки за 0,4 отсто.

Во април 2020, во споредба со април 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење камен за 29,6 отсто, а во секторот преработувачка индустрија се повисоки за 1,9 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот