Помпео со порака до Турција: Рускиот систем С-400 е закана по безбедноста на војската и на воената технологија на САД

Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Рускиот систем С-400 претставува закана по безбедноста на војската и на воената технологија на САД, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео пред неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу.

Според Помпео, руските системи што ги купила Турција ќе и овозможат пристап на Русија до нејзините вооружени сили и одбранбена индустрија.

Државниот секретар на САД побарал од Чавушоглу да го реши проблемот со С-400 на начин кој е согласно „нашата децениска историја во одбранбениот сектор”. Тој, исто така, ја повика земјата да се посвети на обврските на НАТО за набавување оружје што е интероперативно.

Истовремено, Помпео уверува дека целта на санкциите на Вашингтон е да се спречи Русија да добие „значителни приходи”, а не да се поткопуваат воените капацитети на Турција или нејзината борбена готовност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот